Наставникот Гоце Бумбароски: „Драги возачи, застанете на пешачки премин, децата во сообраќајот се скоро невидливи“
Наставникот Гоце Бумбароски од Прилеп во изминативе години, стана еден од најпопуларните и најпочитуваните наставници кај нас со неговиот креативен начин на работа, со гласното зборување за правата на децата и образованието,но и на многу други теми кои ги засегаат учениците но и нивните родители, па и наставниците.
Овој пат на самиот почеток од новата учебна година им се обрати на возачите во сообраќајот и ги замоли:
„Драги возачи, започна учебната година.
Застанете на пешачки премин, намалете ја брзината во близина на училиште, отворете ги очите и внимавајте.
Децата во сообраќајот се скоро невидливи, тие не се гледаат позади автомобилите, весели се и непромисливи.
Не го запирајте нивниот живот, запрете го својот автомобил.
Среќна учебна година!“.
Инкау, пред две години наставникот Гоце во интервју за Женски магазин истакна дека учениците кои секое утро го дочекуваат со насмевка на лицата се неговата најголема мотивација. Повеќе прочитајте ТУКА.