Не изгледа ни ден постаро од 30, а полни 50 години: Животниот стил на Џенифер Лопез

Добивај вести на Viber

Кој би рекол дека една од најубавите латино-заводнички, Џенифер Лопез денеска слави половина век живот? Со својот шарм, убавина и сексапил, таа го покори Холивуд, а мажите од целиот свет поради нејзината појава паѓаат на коленици.

Џенифер Лопез во 90-тите, на почетокот на својата кариера

Џенифер Лопез е по потекло од Порторико, а позната е нејзината приказна дека почнала од ништо, и самата си ги плаќала часовите по танц. Денеска е една од кралиците на светскиот шоу бизинис, а од својот задник, таа направи бренд. 

Џенифер Лопез е во љубов со познатиот бејзбол играч Алекс Родригез, со кој се верија после сериозна врска од две години. Oва ќе ѝ биде 4-ти брак, а од бракот со Марк Ентони ги има близнаците Ема и Максимилијан.

Џенифер Лопез со близнаците и Алекс Родригез со ќерките

Моментално пејачката е на турнеја, на која присуствуваат и нејзините најблиски, кои ѝ приредија роденденско изненадување.

Таа дури доби и специјализирана тексас јакна од „Guess“ по повод роденденот.












Она што е факт за Џенифер Лопез е дека секогаш изгледа беспрекорно, боженствено и фит и иако полни 50 години, таа не изгледа ни ден постаро од 30 години благодарение на нејзината дневна рутина. На ѕвездата пред сѐ и е важно здравјето и поради тоа е посветена на вежбање и здрава храна. Таа не пие алкохол и кафе, но големи количини на вода. Нејзината исхрана не подразбира обработена храна и нема шеќер.