Не јадам овошје и риба: Надица Георгиева откри како ја одржува формата
Една од нашите најпознати модели и сопственичка на модната агенција „Моделс Ин“, Надица Георгиева откри како со години ја одржува витата линија.
„ Ја одржувам линијата многу лесно, јадам сѐ што ќе посакам, но во мали количини, или почесто 3-4 пати на ден, но помалку. Се хранам така како што јас мислам дека му одговара на моето тело, а не затоа што научниците ќе ми кажат што е здраво, а што не. Не јадам риба, не јадам сладолед и не јадам овошје. Едноставно не ми одговара. Не вежбам, но сум во постојано движење.. Пешачам многу, околу 10 км дневно и тоа ме одржува во одлична форма“, раскажа Надица.
„Немам што да прикривам на моето лице. Кожата ми е чиста и негувана. Со лесен „мејкап“ , многу маскара и кармин во месо боја го добивам ефектот што го сакам. Преферирам истакнати очи, тие се огледало на душата“, рече таа за својот начин на шминкање.
Фото: Дејан Миличевиќ