„Не кажувај либе добра ноќ“: На денешен ден пред 22 години, Петранка Костадинова го загуби животот во центарот на Скопје

Добивај вести на Viber

На денешен ден, 2002 година во приквечерните часови, познатата пејачка Петранка Костадинова загина во сообраќајна несреќа во центарот на Скопје. Непосредно пред трагедијата, таа била во просториите на МРТВ каде ја снимила својата последна песна, со која требало да настапи на „Гоце Фест“.

Костадинова со гордост го носеше епитетот доајен на македонската народна музика. Таа беше една од надобрите изведувачи на старите македонски народни песни. Во речиси 4 децениската кариера отпеа многу народни песни и настапуваше на фестивали каде се негуваше македонскиот фолклор.

Во нејзина чест, ја слушаме песната „Не кажувај либе добра ноќ„