,

Не користи мобилен, ни Интернет: Запознајте ја жената која живее како да е 1950 година

Добивај вести на Viber

Својата облека, ентериер, начин на живот и сè друго, прилагоди на 50-тите години на минатиот век.

Кога ќе влезете во куќата на оваа жена, имате впечаток дека влегувате во временска капсула и сте се разбудиле во 50-тите години на минатиот век.

Иако е 21 век, таа реши да оживее некои, како што вели, подобри времиња. Време кога сè беше помирно.

Лејси Феј не користи мобилен телефон или Интернет. Инспирирана од животот на нејзините баби и дедовци, решила „да се врати во минатото“.


Нејзината облека ја купува во винтиџ продавници, шминката ѝ е прилагодена на духот на 50-тите, а станот - целосно автентичен.

На нејзиниот начин на живот не му се спротивставува ниту сопругот, кој вели дека луѓето често застануваат на улица и се воодушевуваат од необичниот пар, особено од неа и нејзините фустани.

Лејси вели дека нивните омилени места за излегување се оние што се украсени во стилот на 50-тите, што, за среќа, го има во изобилство во Америка.

Иако се чини дека сè во нивниот дом и живот е замрзнато во тие чудесни години, Лејси признава дека во нивната куќа има една соба што отстапува од нивната норма, а тоа е просторијата на нивниот син.

Имено, Лејси верува дека Конер сè уште има право да избере време во кое ќе живее, без оглед на вкусот на неговите родители. И покрај тоа, на Конор не му пречи. Уште повеќе, тој признава дека одењето во продавници за втора употреба е забавно искуство, а куќата во која живеат е сосема нормална за него.

ВИДЕО - вака изгледа нејзниот дом, колекција од накит и чевли, гардеробер:


"За мене, мојот начин на живот е нормален. Разбирам дека за некој што нè гледа, сето ова може да биде чудно, но искрено мислам дека сите сме малку чудни на свој начин, па зошто да не бидам чудна правејќи нешто што го сакам", рече Лејси.


извор:stil.kurir.rs
фото:Instagram

Може да ве интересира:

-Класичните венчаници стануваат минато: Наместо бел фустан од бајките, инфлуенсерка се омажи во костим
-(ФОТО) Стилот на 80-тите повторно е ин: Парчиња кои ќе ја одбележат следната сезона
-Веќе 100 дена носи ист фустан и нема намера да го менува: Има одлична причина за тоа