Актуелно // Жолта минута
Брена плаче, Драгана ја теши: Оваа прегратка и солзи кажуваат што си значиме една на друга
Регионалните музички ѕвезди Лепа Брена и Драгана Мирковиќ одржаа заеднички концерт во Софија, кога на бугарската публика и приредија ноќ за паметење.
Со своите песни публиката пееше до крај, но и лееше солзи. Ниту самата Брена не можеше да ги сокрие своите искрени емоции, па се расплака за време на изведбата на песната „Ја немам други дом“.
Таа го покри лицето со раката и ја повлече Драгана во искрена прегратка. Оваа сцена особено ја трогна Мирковиќ, па по концертот и се обрати на Брена со прекрасна порака.
„Не може да се опише колку оваа прегратка и овие солзи покажуваат што значиме едена на друга. Те сакам“, напиша Драгана Мирковиќ, а нејзината објава ја сподели и Брена на својот Инстаграм профил.
Фото: ИнстаграмИзвор: www.telegraf.rs