Не, ова не е Сахара, туку пустина во Србија: Атрактивна, необична и блиска дестинација за ова лето која вреди да се посети

фото:instagram/prirodamidrustvo /

Источна Србија има исклучително голем природен потенцијал, изобилува со планини, реки, водопади, места од историско и културно значење, па дури има и пустина!

Доколку планирате одмор на територијата на Србија, можеби треба да го земете предвид и Мирочкиот регион кој покрај одличен планински туризам нуди и предели за вистински летни задоволства, а бидејќи е блиску до клисурата Ѓердап, каде Дунав е најширок, имате впечаток дека сте на море. Сепак, освен пливање и планинарење, оваа област може да понуди и малку поинакво искуство.


Пустина во Србија

Имено, кај Мајданпек има српска пустина!
Оваа област се вика Ваља Фундата, а е неверојатна песочна пустина, единствена од ваков вид во овој дел на Европа.
Се наоѓа на 7 километри од Мајданпек, во близина на селото Дебели Луг и е „лоцирана“ на самиот врвот на ридот - што го прави специфичен и не многу лесно достижен. Покрај тоа, во близина на пустината е уникатниот кањон на златната река Пек.

Има површина од неколку квадратни километри, а песокот изгледа како на египетските пустини и Источна Сахара.


Како настанала пустината во Србија?

Пустината се наоѓа на местото на некогашниот рудник за бакар Мајданпек, имено, Ваља Фундата настанала поради децениската обработка на рудата во потрага по злато и бакар, а песокот на оваа пустина е последица на флотација на рудата.


Името на пустината е на влашки јазик, а мештаните велат дека значи „долина без излез“, што воопшто не е чудно, бидејќи на оваа српска Сахара не се гледа ниту почеток, ниту крај.


А доколку ја посетите Ваља Фундата, посетете ги другите убавини на овој крај, ви предлагаме да прошетате низ фасцинантните ходници на пештерата Рајко и да се освежите покрај водопадот Бели Изворац.

фото:Женски магазин


фото:Женски магазин

Рајкова пештера се наоѓа на два километри од Мајданпек и до неа води асфалтен пат по брегот на реката Мали Пек и вештачкото езеро Велики Затон.

извор:zena.blic

Може да ве интересира и:

Доколку летово планирате одмор во Албанија: Ова се најубавите плажи и совршени локации за вашите летни фотки


Рајска плажа со тиркизно море во соседството: Вистинско време да ја посетите плажата која е прогласена за најубава во Европа