Не постара, подобра: Лејла Рамковска слави роденден, па објави фотки кога имала 29 години, и денес 39!
Познатата јога инструкторка Лејла Рамковска денес не е постара, туку подобра.
Така барем гласи насловот на најновите фотографии кои ги пласираше во јавноста, а покрај кои напиша 39 и 29, односно како изгледа денес, а како на 29 години.
Лејла поседува големо знаење за здравиот начин на живот, кој го промивира со своите лични примери, како и беспрекорен физички изглед.
Иако на почеток, како и многумина денес, и таа имала предрасуди кон оваа дисциплина, јогата за неа е професија, но и начин на живот. Трауматичниот период кој сега е веќе зад неа, бил пресвртот кој ја натерал на промена кај себе. Психичката состојбата во која се наоѓала тогаш, ѝ се одразувала и на физичко ниво, а склоп на околности кај Лејла разбудил интерес, кој полека се преточи во нејзино студио Club8.
Рамковска е среќна со јогата. Но, и во љубовта. Искрено, ни раскажа и дека со познатиот музичар Роберт Билбилов се заедно половина година, а
интервјуто може да го прочитате овде.