Не сакам да бидам со него во судницата, се плашам: Нина Бадриќ за човекот кој ја демнел две години
Пензионерот Илија М. до следното рочиште ќе биде на психијатриско вештачење, бидејќи ја демнел пејачката Нина Бадриќ низ цела Хрватска.
Хрватската пејачка Нина Бадриќ вчера се појави во Општинскиот кривичен суд во Загреб поради судењето на пензионерот Илија М. (57), кој ја следел две години.
Тој ѝ испраќал песни на пејачката и ѝ пишувал писма, а и ја следел низ цела Хрватска, што ја исплашило најмногу.
Пејачката затоа била многу вознемирена вчера кога стигнала на суд.
- Не сакам да бидам на суд со овој човек. Се плашам од него. Зошто ме ставате во оваа ситуација? Зарем не е доволно што тој ме демнеше со години - рекла Нина, како што објави „Јутарњи лист“.
Судијата го испратиl Илија М. од судницата за да може Бадриќ да сведочи во мир и да се присети на околностите поради кои сите беа во судницата.
Пејачката детално опишаla дека тој ѝ испраќал писма и песни, и дошол на нејзината адреса во Загреб и Хвар, а го забележала и на Браш.
Одговарајќи на прашањата на адвокат на обвинетиот, дали одговарала на пораки и коментари од фанови кои ѝ пишуваат на социјалните мрежи, пејачката рекла дека „одговара тука и таму, и дека администраторите кои ги водат нејзините социјални мрежи знаат како да одговори наместо неа“.
Адвокатот тогаш се интересирал дали таа лично одговорила на некои од коментарите на Илија М. или администраторот го сторил тоа во нејзино име и дали воопшто ги чита неговите пораки.
- Не, колку што се сеќавам, не сум го сторила тоа. Но, знам дека бев поплавена со објави од Илија М., а неговото презиме е доста добро познато во Хрватска. Можно е администраторот да му одговорил, но тоа може лесно да се провери - рече Нина, откривајќи дека чита само коментари на луѓе што ги познава лично.
Осврнувајќи се на делот од обвинението дека Илија М. дошол на нејзината адреса во Загреб, адвокатот ја прашал каде точно била таа средба, односно дали тој бил пред зградата или пред вратата на станот во скалите.
- Тој ми заgвони на влезната врата од зградата. Го видов на камерата човекот со сива коса кој ме брка со години и бидејќи бев на излегување од дома, веднаш се симнав и хумано го замолив да ме остави и му се заканував со полицијата. Се плашев. Ме погледна и ми рече дека има љубовни песни за мене. Да дојде пред мојата врата на две различни адреси во два различни града и тоа додека сум таму е страшно - рече пејачката.
Откако Нина одговорила на сите прашања, Илија М., наводно, бил вратен во судницата и имал можност да ѝ постави прашања на пејачката, но тој немал прашања. Како што понатаму се посочува, тој до следното рочиште ќе биде психијатриски вештачен.
Да потсетиме, опсесијата на пензионерот Илија М. со пејачката се засили во август 2018 година, кога тој интензивно почна да пишува коментари на нејзините профили на социјалните мрежи, а откако таа го блокираше, следеа неговите дополнителни потези. Тој отишол на нејзината домашна адреса и ѕвонел на вратата, испраќал писма и песни, се појавувал под прозорците на становите и хотелите од Загреб, преку Брач, до Хвар каде Нина престојувала. Ја следел низ продавниците, и само молчејќи ја гледал. Иако Нина Бадриќ двапати му рекла дека не сака никаков контакт со него, тој не сакал или не можел да разбере.
извор:24sedam.rs