Не се кријат повеќе: Алачки во љубов со водителката Марина Дојчиновска
Музичарот Горан Алачки неодамна ја призна врската со водителката Марина Дојчиновска, која е ТВ лице од неколку локални и национални телевизии.
Маестро на хармоника и Дојчиновска пред некое време уживаа во Бразил, каде што Алачки повеќе пати има одржувано музички работилници. Со фотографии на кои се гледа дека се вљубени, Горан и Марина се пофалија на социјалните мрежи од познатата бразилска плажа Копакабана.
Алачки е поранешен сопруг на Адријана, позната пејчка и автор на емисијата „Вкусот на традицијата“, претседател на здружението на готвачи ,“Гастромак“.
„ Ние останавме добри пријатели и по разводот. Сѐ уште живееме во иста зграда и заеднички се грижиме за децата“, изјавија Алачки по разводот.
Но Горан Алачки, со писмо кое наводно самиот го испратил до одредени медиуми, неодамна ѝ упати директна порака на својата поранешна сопруга Адријана Алачки, за злоупотреба на неговото презиме.
- Презимето Алачки не смее никој да го злоупотребува. Време е медиумите да не го употребуваат моето презиме конектирано со мојата бивша сопруга која го користи мојот бренд за медиумска популарност, моето презиме. Нејзиното презиме е Атанасовска. Инаку таа никогаш не била Алачки туку Алачка во сите исправи и во пасош…Ви благодарам! - стои во изјавата на Горан која ја пренесе порталот „Свет Австралија“.
Адријана и Горан ги имаат децата Благоја и Грациела, која се омажи за музичарот Игор Димовски, поранешен ученик на Горан Алачки. Грациела и Игор пред две ипол години ја добија ќерката Јана.