Не се залажувајте, ова се 4-те суптилни знаци дека мажот манипулира со вас: Еве на кој начин се обидува да ве контролира

Добивај вести на Viber

Понекогаш тактиката на манипулаторот не е толку очигледна, и често останува незабележана, но секако постојат знаци кој наведуваат дека се работи за манипулација.

Според психолозите, манипулацијата е емоционално нездрава психолошка стратегија што ја користат луѓе кои не можат директно да го побараат она што го сакаат и им треба. Луѓето кои се обидуваат да манипулираат со другите, всушност се обидуваат да ги контролираат.

Еве неколку знаци дека токму ова ви се случува:

Ве тера да се чувствувате виновни, должни или да живеете во страв.

Однесувањето на манипулаторите секогаш се состои од три карактеристики: страв, посветеност и вина. Општо земено, манипулаторот бара од вас да направите нешто што не сакате да го правите, а вие се согласувате затоа што се плашите да кажете не, се чувствувате виновни за тоа или чувствувате дека мора да го направите затоа што му должите нешто. Можеби ви се заканува или ве плаши, и најчесто е премногу агресивен.

Тој ве тера да се сомневате во себе.

Партнерот може да ве понижува, да каже дека вашите чувства не се важни, дека сè погрешно разбирате. Секогаш успева се да „преврти“ како проблемот да е во вас, ве тера да се сомневате во себе. Тој одбива да прифати дека и самиот можеби греши.

Кога ќе ти направи услуга…

Всушност, пријателите и партнерите треба да си пружаат услуги еден на друг, не очекувајќи ништо за возврат, но сигурно ќе добијат взаемна поддршка кога е потребно. Но, манипулаторите, ако направат нешто за вас,тие јасно очекуваат дека мора да направите нешто за нив во иднина. Во спротивно, ќе ве наречат себичен и неблагодарен човек.

И за крај, бара многу, но дава малку.

Вели дека постојано се труди, постојано прави се... но најчесто тој ги кажува работите кои всушност вие ги правите додека тој не прави апсолутно ништо, а за тоа ве оbvinuva вас.

Запомнете, подобро сами во мир, отколку во токсична врска која само може да ви го наруши здравјето, самодовербата и да ве уништи како личност!

Соберете храброст и заминете без да се вртите назад! Кога ќе го надминете периодот на „ама јас го сакам“ или пак „ми е страв да останам сама“, ќе си бидете благодарни на себе што сте си дале повторна шанса да живеете со полни гради исполнети со вистинска љубов.


Фото:Freepik