Не успеа да победи во битката со канцерот: Денес се навршуваат 10 години од заминувањето на Ацо Конга

Добивај вести на Viber

Mузичарoт Ацо Богдановски, познат како Ацо Конга почина на денешен ден во 2013 година, откако му беше дијагностициран рак. Некогашниот член на „Нокаут“ се бореше со болестa поради која претрпе сериози операции.

Неговите колеги се обединија да му помогнат, одржуваа концерти и настани преку кои собираа пари за негово понатамошно лекување, сепак не успеа да го победи канцерот. 

Првата група во која членувал Конга е „Макакус“ (1979) кога почнува да удира на конги. Беше дел од бендот „Нокаут“ формиран во 1997 година, на два албумa „Нокаут“ (1997) и „До последен здив“ (2001) каде се големите хитови „АБЦ“, „Фатална опсесија“, „Временска машина“, „Би се викал те сакам“, „Телефонскиот број не постои“, „Илјада причини за крај“... / МИА

Негова страст биле конгите, по што го добил и својот прекар.

Беше женет и татко на две деца.

Фото: screenshot