Не заслужи така да се мачи: Емилија и Дара во тага за својот Гига
Веста за смртта на актерот Марко Николиќ ги погоди неговите колешки и партнерки од серијата „Подобар живот“, Светлана Бојковиќ и Горица Поповиќ. Секој петок навечер, цела поранешна Југославија беше крај ТВ екраните, следејќи ги доживувањата на семејството Попадиќ. Токму Марко и Светлана беа брачната двојка, Емилија и Гига.
Горица Поповиќ пак, ја играше секретарката на Гига, Дара, кон која Николиќ кој го глумеше нејзиниот шеф во некои сцени покажуваше симпатии.
Горица Поповиќ беше секретарата Дара во „Подобар живот“, која на својот шеф Гига Попадиќ му носеше домашни јадења и му ги зашиваше кошулите.- Со покојниот Марко Николиќ
„Многу ми е тешко. Не можам да ви опишам колку му е жал што се мачеше. Тој беше прекрасен човек и не заслужи вака да замине. Беше толку сестран. Имаше широк круг на интереси, него не го интересираше само актерството. Човек со него можеше да разговара на разни теми. Беше љубопитен и со отворен ум. Секогаш беше насмеан и сакаше да се шегува. Ако јас нешто духовито ќе кажев, тој само ќе се надоврзеше на тоа. Секогаш се шегувавме на снимањата. Беше прекрасно да се работи со него“, изјавила Светлана Бојковиќ за агенцијата „Танјуг“.
Таа додала дека последен пат, Марко го видела летово. Тогаш ѝ изгледал здрав и верувала дека ќе биде сѐ во ред.
„ Не се видовме ниту се слушнавме од минатото лето, но ми рекоа дека се извлекол од болеста. Беше полн со надеж дека сето тоа ќе го победи, а за жал, се случи спротивното“, изјави актерката.
Верував дека ќе ја победи болеста.- Светлана Бојковиќ со Марко Николиќ
„ Само до пред едњен месец ја снимавме серијата „Погрешен човек“ заедно. Болеста толку брзо го зема. Ги работевме заедно и „Подобар живот“ и „Смртта на Караѓорѓе“. Си замина уште еден од низата најдобри: Драган Николиќ, Предраг Ејдус, Бата Живојиновиќ, а сега и Марко. Актерството е прекрасна работа, но и многу стресна“, рече за својот колега Горица Поповиќ за „Пинк.рс“.