Не знаев дека сум бремена, а таа сфати пред тестот: Славица Ќуктераш разоткриена од колешката
Славица Ќуктераш во 2016-та година ја роди ќерката Викторија, која ја доби со тогашниот сопруг Владо Аврамов
Пејачката Славица Ќуктераш се прослави со учеството на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, а многу години подоцна учествуваше и во друга шоу програма. Станува збор за шоуто „Твоето лице звучи познато“, во кое Славица беше натпреварувачка во 2016-та година, но таа го напушти шоуто откако дозна дека е бремена.
Пејачката сега се присети на ова натпреварување и на настапот на кој ја имитираше Весна Змијанац - во тој момент таа веќе беше во блажена состојба без воопшто да знае. Сепак, нејзината колешка, пејачката Ивана Петерс, која исто така се натпреваруваше, беше сигурна дека Славица е бремена.
„Додека го пеев ова, концентрацијата мораше да ми биде многу висока, за да не го исфрлам желудникот на сцена. Ивана, те сакам. Бекстејџот го делев со Ивана, седевме таму со часови додека јас кукав за како сè ми пречи, а маската смрди. И дека ми е мака, и дека стомакот ми е во носот, и дека не знам зошто сум тука кога што ништо не ми одговара, не знаејќи дека сум бремена Тоа само Ивана го знаеше и без тест поради моето однесување“, напиша Славица на социјалните мрежи.
Во март 2016-та година ја напушти споменатата шоу програма, а во октомври истата година се породи и ја роди ќерката Викторија, која ја доби со голманот Владо Аврамов, од кој подоцна се разведе.
„Првата работа што решив за неа беше да не ја изложувам на медиумите затоа што можеби ќе реши да работи некоја работа каде што не сака луѓето да ја знаат. Нејзиниот живот го оставив во нејзини раце, ќе ја воспитам да биде чиста. Ако сака да се занимава со јавна работа природно е да застанам зад моето дете. Но дотогаш мое е да ја заштитам затоа што можеби утре ќе сака да биде доктор,пилот. Таков беше договорот помеѓу мојот поранешен сопруг и мене кога бев бремена“, изјави пејачката во една прилика.
Извор: lepaisrecna.mondo.rs