Неда Арнериќ се обиде да се самоубие

Добивај вести на Viber

Неда Арнериќ, една од најголемите српски и југословенски актерки се обидела да се самоубие сношти во нејзиниот стан во Белград, пренесува српски „Курир“.

Нејзиниот брат пријавил на полицијата дека Неда не му одговара на телефонските повици. Во домот на актерката веднаш стасала полицијата, пожарникари и бравар. Вратата била заклучена со клучот од внатрешната страна.

Прв во станот на актерката дошол нејзиниот брат.- Фото: Курир 

Браварот и пожарникарите, заедно со братот влегле во станот и ја нашле актерката онесвестена. Таа давала знаци на живот, а покрај неа била кутија од лекови. Арнериќ е итно пренесена во болница, во тешка состојба. Пред три години, таа под непознати околности падна од станот на својата тераса и се здоби со повеќе тешки повреди. „Скокнав од тераса затоа што ми се смачи овој живот. Мојот сопруг е болен“, му рекла Арнериќ тогаш на анестезиологот пред операцијата.

За „Курир“, соседите на актерката потврдиле дека братот прв дошол во станот, а откако не можел да влезе,  повикал стручна помош.

Неда не ја преболе смртта на сопругот, познатиот хирург Милорад Мештеровиќ 

На средината на декември минатата година, почина сопругот на актерката, познатиот хирург Милорад Мештеровиќ. Таа само на најблиските пријатели им раскажа дека нејзиниот сопруг ја загуби битката со долгата и тешка болест.

Неда, која ја одигра главната улога во култниот филм „Исправи се Делфина“, со Мештеровиќ беше 35 години.