Неда Арнериќ во тешка состојба, лекарите прават сѐ за да ѝ помогнат

Добивај вести на Viber

Неда Арнериќ е сѐ уште во тешка состојба, откако завчера во нејзиниот дом во Белград се обиде да си одземе животот. Како што пишува „Блиц“, според извори на Воено медицинаската акедемија (ВМА) во Белград, актерката е во стабилна, но и понатаму во тешка состојба.

„Состојбата на Арнериќ е и понатаму серизона, докторите прават сѐ за да ѝ биде подобро. Направени се неопхопдните анализи и таа ја прима потребната интензивна терапија и нега“, вели извор од ВМА за „Блиц“.

Фото: Рас, Србија 

Познатата актерка е хоспитализира завчера. Дека нешто не е во ред, прв забележал нејзиниот брат, кој упорно ја барал на телефон и не можел да ја добие. Тој веднаш со бравар отишол во нејзиниот стан, ја скршиле вратата и викнале полиција и брза помош. 

„Неда ја најдоа како лежи на подот. Екипата на Брза помош набрзо стаса по повикот на братот на актерката“, вели изворот на порталот. За сега нема официјални информации што точно се случило. 

Лани во декември, почина сопругот на актерката, познатиот доктор Милорад Мештеровиќ, по долгата и тешка битка со ракот. Актерката за која велат дека имала филмски живот, лани доби награда за исклучителен придонес во филмската уметност на манифестацијата „Фест“.