Неда Украден и Брена имале ист дечко
Неда Украден важи за една од најголемите екс југословенски ѕвезди и ретко кој би ѝ дал 67 години. Таа е мајка на Јелена и баба на Душан (4) и седумгодишните близначки Александра и Неда.
Малкумина знаат дека Неда и Лепа Брена беа во врска со ист маж, музичарот Саша Поповиќ, кој свиреше хармоника во групата “Слатки грех“ која ја придружуваше Лепа Брена на сите настапи.
Неда и Поповиќ, кој е сега директор на продукцијата “Гранд“ чиј сопственик е Лепа Брена, биле во врска по нејзиниот развод со поранешнит сопруг, Милан Билбија, кој почина пред пет години. Претходно, Саша Поповиќ беше во врска со Лепа Брена и тоа се криеше од јавноста во осумдесетите.
Неда неодамна беше актуелна во јавноста по изјавата дека никогаш не би се разголела, а популарноста, вели таа ја одржува само поради добрите песни.
„Ако ги прашате мажите, сите ќе ви речат дека сум многу згодна. Зошто да се соблекувам гола, само за да настинам? Доволно ме знаат по песните ”, изјавила Украден и додала дека на нов брак не е подготвена освен ако ѝ се случи голема љубов.