Актуелно // Insta вести
Нека не ве лаже Инстаграм дека е можно да имате six pack одма по породување: Моделката Евгенија 2 недели постпартум
Пред две недели згодната Евгенија Колев стана мајка по втор пат и роди момче, полека се враќа во форма.
Како згодна моделка по првото породување брзо се врати во форма, а најверојатно така ќе биде и по втората бременост.
Сепак, Евгенија искрено вели дека за се треба време и дека вишокот кожа, масти и стрии е нејзината реална слика во моментов. И, секако е нормално да е така.
„Нека не ве лаже Инстаграм дека е можно да имате six pack одма после породување. Имам доста работа додека да се вратам на формата од пред бременост. И не се брзам. Сѐ во свое време“ - напиша згодната мајка на инстаграм.
Млада Македонка за стриите кои ги добила од бременост: „Моето тело можеби не е совршено, но кога ќе се погледнам во огледало гледам мајка“
Нема играчка која ќе го замени вниманието на мајката во очите на детето, но не треба да се запоставуваме и себеси: Евгенија Колев за Женски магазин