Нема резервни асистенти за децата со попреченост: Инклузијата на тест на парите

Има недостиг на асистенти за децата со посебни потреби и попречености кои се школуваат во училиштата во Скопје. Родители и наставници од училиште во скопската општина Карпош велат дека по вклучувањето на овие деца во образовниот процес дел од нив по некое време немаат пратители асистенти со што им се отежнува инклузијата. Дополнителен проблем е што попради малиот месечен износ кој е предвиден како надомест за пратителите, многу од нив се откажуваат брзо и замената може и да потрае. Таков проблем се јави во општина Карпош. Оттаму за Фактор велат дека во моментов немаат резервни асистенти, но тврдат дека повеќето барања им биле одговорени односно колку асистенти требале толку и испратиле. Сепак искуството покажува дека има деца кои и покрај утврдениот дефицит, немаат асистент па на училиште одат по само еден час.

Бројот на асистентите кои се потребни е зголемен во последниот период, а во општините тие се обезбедуваат во соработка со УНДП и Агенцијата за вработување и Центарот за социјални работи. Од општината за Фактор велат дека барањето за асистент треба да го поднесе родителот или старателот на ученикот, но за тоа е потребно и мислење од Заводот за ментално здравје за деца и младинци. Станува збор за проект кој е добар и со кој им се помага на децата, но искуството покажа дека има и некои недоследности.


Целиот текст прочитајте го на Фактор.