Нема веќе дилема: Јелена Карлеуша конечно откри зошто Душко не ја следи на Инстаграм

Јелена и Душко долго не се следаат на популарната социјална мрежа, а сега се дозна  причината зошто е тоа така

Не е тајна дека нејзиниот сопруг Душко Тошиќ не е меѓу речиси два и пол милиони луѓе кои ја следат Карлеуша на Инстаграм, како и дека последната заедничка нивна фотографија на неговиот профил е објавена во 2016 година.

Споменатиот факт остави простор за многу претпоставки и шпекулации на тема односот во нивниот брак.

Музичката ѕвезда конечно реши да објасни зошто Душко не ја следи на „Инстаграм“.

- Одамна одлучи дека не сака да се нервира, ниту да гледа што прикачувам на „Инстаграм“. Не сака да знае, не сака да гледа - изјави Јелена Карлеуша. Таа на шега додаде:

- Ме запозна како скромна домаќинка која никогаш не се облекувала провокативно и потоа се случи некоја неверојатна промена.

View this post on Instagram

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)



Фото: Инстаграм/Јелена Карлеуша

Јелена Карлеуша отворено за бракот и своите маани: Би го дала животот за мојот Душко