Немам право да се мешам во нејзината среќа, вели Анастасија Ражнатовиќ за љубовната врска на мајка ѝ, Цеца

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ прв пат проговори за врската помеѓу нејзината мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ. Целосно искрена...

Анастасија за медиумите зборуваше за нејзината благодарност до нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ, а потоа коментираше колку таа и нејзиниот брат Вељко влијаат на нејзиниот љубовен живот.

На прашањето за што е најмногу благодарна и што е тоа што никогаш не ѝ го кажала на мјака ѝ, Анастасија рече:
– Таа знае сè, немам што да ѝ кажам. Благодарна сум ѝ за сè, што целиот свој живот го посвети на мене и на мојот брат - рече пејачката, а потоа се осврна на емотивната врска на нејзината мајка.

- Таа беше сама толку години и се бореше сама, па мислам дека машката фигура не влијае на нејзината сила. Таа е силна жена и никој не влијае на тоа. Тој може само да ѝ го направи животот подобар - рече Анастасија, а потоа објасни каква е нејзината улога во изборот на љубовни партнери на нејзината мајка. 

-Секако дека нашето мислење ѝ значи, но мислам дека немам право да се мешам во нејзината среќа и јас да ги избирам нејзините партнери. Таа е таа што ќе одлучи со кого ќе стапи во врска. Не се прашувам тука, можам само да ја поддржам - расуди Ражнатовиќ, пренесува порталот „Еспресо“

извор:gloria.rs