Немаше доверба ниту пријателство: Лепа Брена за врската со семејството на Новак Ѓоковиќ!
Одговори на изјавите на таткото на тенисерот...
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ имал многу потешкотии за да стане тоа што е, а неговата баба имала клучна улога во емотивната и финансиска поддршка на неговиот развој.
Еднаш во медиумите се шпекулираше дека Срѓан Ѓоковиќ пред 17 години ги молел Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ да инвестираат во неговиот син. Срѓан Ѓоковиќ неодамна истакна дека доколку славната двојка се согласела да го исполни неговото барање, сега би биле побогати за 18 милиони долари.
Оваа изјава фолк дивата ја коментираше за „Старст“.
- Не сум тениски експерт и не знам за таква понуда, но знам дека треба да бидеш пријател и да имаш доверба во оној со кој започнуваш бизнис, што не беше случај во наведениот случајот. Го сакаме, цениме и почитуваме Новак, како и неговото семејство. Тој е најсветлиот пример за прекрасен и успешен тип. Му посакуваме да му се остварат сите соништа затоа што тоа го заслужува - изјави Лепа Брена во врска со овие наводи.
Фото: Инстаграм/Youtube
Извор: србијаданас