Неочекувана трансформација, светот во шок од изгледот на актерот: Николас Кејџ остави без коментар ФОТО

Холивудскиот актер Николас Кејџ моментално го снима филмот „Dream Scenario“ во Торонто и фановите се изненадени од неговата трансформација бидејќи тој целосно се смени за улогата.

Во комедијата „Сценарио од соништата“, на норвешкиот режисер и сценарист Кристофер Боргли, Кејџ игра запоставен и неуспешен професор кој преку ноќ станува славна личност откако ќе се појави во соништата на сите на планетата.

Актерот беше тешко да се препознае на снимањето бидејќи е ќелав и има сива брада.


Кејџ и неговата сопруга Рико Шибата неодамна го добија своето прво дете, девојчето Август Франческа Копола Кејџ.


  - Николас и Рико се среќни со раѓањето на нивната ќерка. Мајката и ќерката се добро - потврди претставникот на парот за магазинот People.