Непредвидливата борба за уредна бременост на 35-годишната Ивана, позитивна на Ковид-19 заврши среќно

Бременоста за секоја жена е незаборавен и прекрасен период, но за 36- годишната Ивана Пешевска-Насковиќ била едно од најнеобичните искуства и најголеми предизвици со кои се соочила. 

Откако со својот сопруг Горан на почетокот на јануари се израдувале на позитивниот тест за бременост, нејзината прва бременост, по три месеци Ивана добила уште еден позитивен тест, но овој пат на Ковид-19, по што започнала најнеизвесната и непредвидлива борба за здрава и уредна бременост, истовремено храбро спротивставувајќи му се на опасниот вирус. 

Ивана е меѓу првите трудници кои заболеле од Ковид-19, но во борбата не била сама, најголема и најсилна поддршка добила од нејзиниот долгогодишен гинеколог д-р Елизабета Матевска-Атанасовска од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на која ѝ ја доверила бременоста уште од првиот ден.

Браво за овие храбри дами!

View this post on Instagram

A post shared by Acibadem Sistina Hospital (@acibademsistina)