Несекојдневна средба: Емра и Лена го запознаа најпопуларниот штрк од Гевгелија
Актерката Емра Куртишова овој викенд со нејзината ќерка Лена имаа несекојднева средба и запознавање со популарниот штрк од Гевгелиско.
„Мишко од Гевгелија“, напша актерката на фотографјата.
Инаку приказната за Мишко ја слушна цела Македонија, кога тој презими кај Ленче од Гевгелија која беше негова домаќинка и не сакаше да си замине.
„Мишко го одгледав, му дадов шанса да си оди, не сака, се враќа повторно кај мене“, стои во описот на фотографиите, објавени на јавната социјална група „Миленичиња“.
Видеа од Мишко кога бил многу мал, Ленче ги споделила на социјалните мрежи.
„Мишко успешно ја помина зимата, добро нахранет благодарение на едни добри луѓе кои од нивната месара редовно го снабдуваа со храна, тој претчувствува дека следниот месец ќе дојдат штрковите, ама дали ќе сака и тој да замине“, стои во опис на видеото објавено минатиот месец.
Фото: Инстаграм