Невидени велигденски фотографии: Вилијам и Кејт покажаа дел од прекрасниот дом во Кенсингтон палатата

Добивај вести на Viber

Вилијам и Кејт споделија ретка велигденска фотографија од нивниот прекрасен дом во палатата Кенсингтон

Можеби сите мислиме како да знаеме сè што треба да знаеме за кралицата, принцот Чарлс, принцот Вилиам и Кејт и остатокот од поширокото семејство. Сепак, има една област од нивните животи што е помалку позната.

Честопати добиваме преглед на палатата Бакингем преку настани, но, за прв пат, гледаме некои од малку познатите детали за нивнoто живеалиште.

Палатата Кенсингтон е позната како лондонскиот дом на Кембриџ. Тие имаат и канцеларии таму, Војводата и војвотката од Глустер, војводата и војвотката од Кент, и принцот и принцезата Мајкл од Кент, исто така имаат и резиденции и канцеларии во палатата.


Во прилог на оваа прекрасна фотографија што ја споделија, од нарциси што цветаат на полињата во Кенсингтон, Вилијам и Кејт напишаа: „Ви посакуваме на сите безбеден и среќен Велигден“

Неодамна видовме како изгледаат канцелариите на Вилијам и Кејт во палатата Кенсингтон. Позади Кејт, може да се забележи и розова столица со големина за деца, веројатно на Шарлот.


Неодамна, Вилијам и Кејт споделија моменти од нивните видео повици за добротворни цели за Велигден. Притоа, добивме поглед во друга просторија што се претпоставува дека е канцеларија. За кралска резиденција, не изгледа особено украсно.


Вака Кејт и Вилијам ќе го слават Велигден оваа година


извор: littlethings