(Не)возможна мисија: Патот како да се стигне до епидемиолог ако имаш симптоми на корона вирусот
Во обид да бидат тестирани од коронавирусот, голем број луѓе се обидуваат да ги добијат Центрите за јавно здравје, но безуспешно. И по неколкупати инсистираат, тим да дојде и да им земе брисеви, но велат дека им било кажано, да останат дома, и доколку се влоши состојбата, тогаш да се јават повторно.
Нивниот револт од односот на Центрите за јавно здравје го изразија и на некои од социјалните мрежи, детално објаснувајќи дека упорно биле одбивани, со образложение дека не биле во онаа група сомнителни, бидејќи не патувале надвор од земјава. По речиси еднонеделно патешествие и нивните тестови, покажале дека се позитивни на вирусот, но заради влошување на ситуацијата, сега се веќе хоспитализирани.
Редакцијата на Фактор исто така се обиде да ги добие Центрите за јавно здравје, но, телефонските броеви во Скопје се постојано зафатени. Од Центарот во Струмица ни беше кажано дека досега немаат направено тестирања за коронавирусот, бидејќи немале сомнителни случаи, односно никој до сега не кажал дека има симтоми: повишена температура, сува кашлица или пак болки во градите.
Непречено функционира телефонскиот број на АЛО ДОКТОРЕ, но велат дека нивна задача е едиснтвено, ако некој што ќе им се јави кои ги исполнува критериумите на заболувањето, само да го препратат во Центрите за јавно здравје.
А.Б.