Незапирлива - „Горда сум што го прославувам моето дипломирање како педијатриски невролог “: Д-р Аспазија Софијанова со уште една диплома
Д-р Аспазија Софијанова се пофали со уште една нејзина специјализација. Гордо го покажа нејзиниот нов успех на социјалните мрежи, отсега нејзин нов предизвик е детската неврологија.
„Горда сум што го прославувам моето дипломирање како педијатриски невролог - достигнување што ја почитува мојата напорна работа и наследството од оние кои дојдоа пред мене. Класот и наследството се постојани. Покрај мојата педијатриска работа во NICU и PICU и супспецијалист по неонатологија, мојот предизвик сега е детска неврологија. За оние кои ме поддржаа и веруваа во мене и себеси само да кажам дека секоја изгубена акција ја трансформирам во стекнување нова можност и победа за себе и моите деца, моите родители и пациентите на кои им требам. Ви благодарам Филип Дума Соња Бојаџиева, Илија Кировски, Емилија Спиртова, Марија, Анастазија, мојата мајка и на крај најмногу мојот татко“, напиша Д-р Цули.
Убавите вести и новиот предизвик Д-р Софијанова го прослави во познат скопски локал со колегите и семејството.
Д-р Софијанова е активен истражувач со посебен интерес во областа на детската интезивна нега и терапија, и неонатологија.
Богатото работно искуство кое брои безмалку 40-тина години не ја запира да продолжи да се надградува, усовршува, да учи надовор од државата и после наученото да го применува овде, да им помага на оние на кои им е потребно.
Фото: Фејсбук