Ни остави трајно наследство и музеј, денес со празни ѕидови без прозорци: На денешен ден пред 7 години нè напушти Есма Реџепова Теодосиевска
Кралицата на ромската музика Есма Реџепова Теодосиевска,
замина во вечноста на денешен ден 2016 година. Во текот на нејизната 5 децениска
кариера имаше објавено преку 580 песни, настапуваше на илјадници концерти, доби
многу награди и остави големо богатство, а она на што најмногу се радуваше беа многуте
деца кои ги згрижи и им овозможи угоден живот.
Неодамна блиските Пријатели, соработници, колеги ја испочитуваа Реџепова па организираа настан „Во спомен на Есма за незаборав“ кој се одржа во кино „Фросина„ во Скопје.
Нејзината биографија е богата и исполнета со многу успеси. Есма беше вистински амбасадор на Македонија во светот. Родена е како петто дете во семејствто на Чанија и Ибраим Реџепови, во мала сиромашна куќичка во центарот на Скопје.
Таткото Ибраим бил инвалид и некој постојано морал да му помага, да му ја носи кутијата со бои и четки по што малечката Есма станала постојан помошник на татка си. Парите што си ги заработувала ги штедела за да оди во кино. Како девојче била многу бунтовна а најмногу ја навредувало кога ја нарекувале “Циганката“. Сакала да работи па како деветгодишното девојче често чистела во домовите на богатите семејства. Премногу сакала и да настапува на забавите.
Животот и добива поинаква насока кога за нејзиниот глас слушнал маестро Стево Теодосиевски. Тој доаѓа во Скопје само за да го убеди таткото на Есма да и дозволи на ќерката да настапува со неговиот ансамбл. Од тогаш Стево и Есма низ годините упеваат да ја освојат Југославија, а во меѓувреме се раѓа и љубовта меѓу нив. Стапува во брак во 1968 година, а по тој повод прават голема ромска веселба. Есма станала толку популарна што и Тито многу сакал да ја слуша како му пее. „Чае Шукарие“ нејзината авторска песна, како што многумина велат – химна на ромите, и денес се пее секаде низ светот.
Меѓутоа и покрај големите успеси на музички план, нејзиното најголемо постигнување, како што велеше, се нејзините деца кои ги посвои со Стево. Тие се грижеле за вкупно 47 момчиња, кои ги учеле и воглавно се занимавале со музика, а настапувале и во нивниот оркестар „Теодосиевски“. Сите свои синови Есма ги подигна и финансиски ги згрижи. После големиот број на синови на крајот посви и едно девојче.
Имаше голем имот кој и беше голема желба да биде музеј „Домот на хуманоста на Есма и Стево Теодосиевски“ а во него беа сместени сите нејзини животни достигнувања. Но за жал,откако замина засекогаш ништо од тоа не се исполни.
Некогаш прекрасна вила, денес изгледа како руина. Недостасуваат и некои врати и прозорци.
Куќата на легендарната Есма Реџепова, некогаш прекрасна вила во која пејачката одгледа 48 деца, веќе не изгледа како порано. Наводно, украдено е се' што имало во 750 метри квадратни, а недостасуваат дури и некои врати и прозорци.Исто така, имотот кој се простира на 1.300 метри квадратни е тотално запуштен, обраснат со плевел, пренесуваат медиумите.
Покојната пејачка, инаку, ја остави оваа куќа на
државата, но еден дел од нејзините наследници го оспорија тој тестамент барајќи
дел.
До денес, ситуацијата е иста, а дали некогаш ова ќе се реши останува на институциите.
Есма беше вистинска кралица на ромската музика, и како таква секогаш ќе остане запаметена наекаде во светот.
фото: Printscreen/YouTube/Kanal5tv