Ние сме „мајки од геријатрија“, родивме деца на 42 години: Доиме и се ботоксираме, а помладите мајки нѐ осудуваат

Добивај вести на Viber

Две мајки се породиле на 42 години и ќе имаат 60 кога нивните деца ќе дипломираат. И додека некои велат дека да се има дете на возраст од 20 до 30 години е единствената исправна работа, не им е грижа.

Меѓутоа, како што светот се менува и се повеќе жени работат понапорно од кога било досега  пре -раното да имаат дете станува сè потешко, а неодамнешниот тренд на социјалните мрежи го зафати интернетот, а се работи за мајки над 40 години.

@stuartbrazell OLD MOMS aka geriatric moms: because momming just gets better with age right @selahvictor Most of our friends from high school have kids in high school and we’re over here nursing infantsWe both will be 60 when our last graduates high school!! How about you? Do you beat us?...#geriatricpregnancy #oldmom #over40 #momhumor #pregnantover40 #oldermom original sound - stuartbrazell

Едно такво видео има 71,6 милиони прегледи со мајки кои го снимаат својот живот откако станале „доцни“ мајки. Инаку на овој тренд им се приклучиле блиските пријатели, Стју Бразел и Села Виктор. Тие неодамна добија деца и имаат над 40 години. Мајката на две деца, Сту, сподели видео од неа и Села за да им возвратат на критичарите кои велат дека се „стари“.

- Старите мајки се познати и како геријатриски мајки. Повеќето од нашите пријатели имаат деца во средно училиште, а ние сега доиме. И двете ќе наполниме 60 години кога нашите синови ќе завршат средно училиште. А ти?- напишаа под видеото.

@stuartbrazell Proud geriatric mom over here and yes every inch of my body hurts! Having a baby at 42 was never something I imagined in my 20s, but the sleepless nights, aches and pains, baby blues, and dwindling bank account are all worth it! In my personal opinion, having babies older actually keeps you younger and more active. The only downside is the stress and overflowing cortisol in my system from trying to keep now three little people alive!!! I don’t think I’ve truly slept since I had Asher in 2018. Like I sleep, but I’m not sleeping deeply. I’m always on alert thinking I hear things on baby monitors ready for disaster. Anybody else?..#geriatricpregnancy #pregnantover40 original sound - Ashley Sanchez

- Сите ние мајки сме исти, едвај чекаме да престанеме со доењето за да одиме на ботокс. Ние сме стари мајки, ќе имам 60 години кога ќе завршат средно. Стари сме, одиме на фејслифтинг во исто време. Секој тест што го правев за време на мојата бременост беше означен со висок ризик и геријатриски. Нашите пријатели имаат деца долго време. Штотуку се породив на 42. Ние сме стари мајки, си го живеевме животот и сега живееме за нашите деца - велат тие.

Илјадници следбеници побрзаа да остават коментар и свое видување на работите.

„Ја средив кариерата и патував низ светот. Сега можам да си дозволам на моите деца големи искуства и одмори низ целиот свет“, „И јас сум стара мајка, сакав прво финансиски да се обезбедам, пред да имам деца“, се некои од коментарите.

Од друга страна, имаше и такви кои не беа многу воодушевени од ова, а тие мајки остро ги осудија во коментарите.

„Се во свое време, можеби нема да чекаат да си ги воспитаат децата“, „Не е исто да имаш дете кога си помлад и на оваа возраст, едноставно немаш доволно енергија“, „Подобро доцна отколку никогаш, но предолго чекале“, се само дел од коментарите.

Фото: Принтскрин/Тик ток
Извор: Zena.blic.rs