Ники Минаж остана без татко: Прегазен додека шетал
Трагедија во семејството на славната американска пејачка Ники Минаж.
Таткото на пејачката е прегазен во петокот вечерта кога н него налетало возило, кое според тврдењата на очевидци воопшто не застанало.
Како што се вели во извештаите на американските медиуми, Роберт, таткото на пејачката, шетајќи по улиците на Њујорк е удрен од возило,а возачот не запрелвоопшто туку избегал од местото на трагедијата.
По несреќата, таткото на Ники е пренесен во локална болница во критична состојба, каде им подлегнал на повредите во текот на викендот.
Одделот за убиства во Њујорк го истражува случајот и бара помош од јавноста воидентификување на одговорното лице. Не е даден опис на осомничениот возач.
Веста за семејната трагедија на раперката Ники Минаж е потврдена од нејзиниот портпарол.