„Никогаш не бев спонзоруша“: Емина Јаховиќ откри детали од пропаднатиот брак со Мустафа
Емина Јаховиќ
која се разведе од турската ѕвезда Мустафа Сандал со која има две деца, за себевели
дека никогаш не била спонзоруша и дека никогаш не и бил потребен маж кој ќе и
пружи материјална поддршка.
- Многу ме мачат насловите во медиумите како „Емина Јаховиќ најде милијардер“ и „Емина сега не е со милионер“. Отсекогаш сум заработувала и никогаш не ми требал маж да ми подари нешто, туку да се чувствувам безбедно со него во емотивна, а не во материјална смисла – изјавила пејачката.
Емина вели дека никогаш не се нашла во ситуација да заработува помалку од нејзиниот емотивен партнер.
- Мустафа заработуваше повеќе, но често правевме многу кампањи и други работи заедно - изјави Емина во емисијата на ТВ К1.
Разликата во заработката Емина ја објаснува и со тоа што Турција е многу поголем музички пазар од Србија.
- Да бев родена во Америка, можеби ситуацијата ќе беше сосема поинаква, но не бев - рекла Емина и додала дека таа и нејзиниот поранешен сопруг оделе на шопинг само три пати годишно и дека дестинацијата секогаш била Италија.
-Секогаш се разделувавме, бидејќи ми пречеше само кога пазарев. Немаше трпение и желба да гледа наоколу со мене, секогаш ми се чинеше дека брза – објаснила пејачката.
Емина вели дека сега веќе бившиот сопруг Мустафа и таа повеќе би сакале да се договорат кога и каде да се сретнат на ручек, а дотогаш сами да пазарат.
- „Најпрактична опција ми е да купам нешто, да го донесам дома и да го пробам, па ако не е добро да се врати. Многу пати ми се има случено да ги купам и да ги кријам торбите кога ќе влезам дома– рекла пејачката.
Фото:screenshot