Никој не гледа на прв поглед за што станува збор: Оваа жена ги збуни лекарите, никој нема објаснување за тоа што ѝ се случило

Кинескињата Ју Јиианси од 28 јуни 2016 година го држи светскиот рекорд за најдолги трепки. Во тоа време, нивната должина беше 12,4 см и тоа беа само трепките на левото око. Во меѓувреме, трепките од десното око го стигнаа левото, па неодамна го собори сопствениот рекорд - трепките во моментот се долги 20,5 см.

Она што ги зачуди сите беше фактот дека нејзините трепки почнале да растат така дури во 2015 година. До тој момент тие биле со просечна должина.


- Забележав дека тие растат ненормално во 2015 година. Оттогаш се незапирливи. Бев исплашена, се разбира, и отидов на лекар, но до денес ниту еден лекар не успеа да најде одговор на прашањето зошто ми се случува ова - вели таа.

Таа вели дека ниту генетиката не е доведена во прашање, бидејќи никој од нејзините роднини не може да се пофали со особено долги трепки.

- Затоа мислам дека ова е дело на Бога. Долго размислував зошто ми се случи ова и се сетив дека пред неколку години поминав над 480 дена сама на планина. Сигурна сум дека Буда ми го даде овој подарок тогаш - вели таа.


Сега, вели, не и треба маскара или ајлајнер за очи, па затоа и е многу полесно да се среди наутро.

- Тие трепки ми донесоа само радост, без проблеми. И би сакала сите со извонредна убавина да се собереме и да ја прославиме нашата посебност - вели таа.


Извор: жена.блиц.рс