НИШТО НЕ Е СЛУЧАЈНО: Помалку познати моменти од љубовната врска на премиерот Заев со сопругата Зорица
Љубовната приказна на македонскиот премиер Зоран Заев и неговата сопруга Зорица, дипломиран економист, датира уште од средношколските клупи. Тие се разлика само една година и првите симпатии меѓу нив се од средбите во училишните ходниции и од вечерните генерациски излегувања.
Почнале да се забавуваат дури по една година дружење.
- Зоран првично ме привлече со својот изглед, што за секоја тинејџерка во тие години е пресудно. Потоа ме освои со својот карактер. Важеше за мирно и разбрано момче, она што е и денес - раскажа Зорица Заева пред неколку години.
Сопругата на премиерот во истата прилика откри дека се познаваат уште од деца, од времето кога родителите на Зоран живееле во стан во истото маало, оддалечено на триста метри од нејзината зграда. Првата комиуникација ја имале кога таа била во трето, а Зоран во четврто одделение, на настава во природа во некогашното детско одморалиште во местото Суви Лаки, Беровско. Но, тогаш било далеку од симпатии и од љубов. Нивното познанство прераснало во нешто посериозно во средношколските денови. Последната година на Економскиот факултет во Скопје почнале и заедно да живеат.
Кога Заев ѝ предложил брак веќе работел во семејната фирма во која се вработила и таа самата. Набргу дошла ќерката Александра, нивното прво дете. Кога се родил синот Душко, Зоран веќе бил пратеник. Крстен е по еден од четворицата чичковци на Заев, кој починал кога на свет дошол неговиот син.
Последнмиот ден од септември за нив двајца има особено значење. На тој ден нивната шестгодишна врска ја крунисале со голема свадбена веселба.