НИШТО РОМАНТИЧНО, НИКОЛ ЈА ВИДОВ САМО ДВА ПАТИ ВО ТРИ ГОДИНИ, СО МНОГУ ДРУГИ ЛУЃЕ - Маск демантира дека имал афера со екс-сопругата на Брин

Илон Маск ги отфрли наводите дека имал секс-афера со сопругата на долгогодишниот пријател, со-основачот на „Гугл“, Сергеј Брин, негирајќи го писанието на „Волстрит журнал“ околу врската која наводно ставила крај на бракот на Брин и на неговото пријателство со Маск.

„Јас и Сергеј сме пријатели и синоќа бевме на забава заедно! Никол ја видов само двапати во три години – и обата со многу други луѓе околу себе. Ништо романтично“, напиша Маск на Твитер.

Брин, еден од најбогатите луѓе во светот, дури и финансиски му помогнал на Маск за време на економската криза во 2008 година.


Детално читајте на Фактор тука.