Новата енергетски ефикасна линија на Samsung за Европа дебитира на саемот IFA 2024 овозможувајќи дополнителни заштеди на енергија

Добивај вести на Viber

Линијата сега вклучува нова машина за перење BESPOKE AI™, која може да се пофали со А-55% поголема енергетска ефикасност, заедно со Bespoke AI Laundry Combo™ и со машина за садови Bespoke

Samsung Electronics ја објави својата најнова енергетски ефикасна линија на апарати за европски начин на живот на саемот IFA 2024. Новата палета производи вклучува машина за перење BESPOKE AI™ со А-55% поголема енергетска ефикасност[1], Bespoke AI Laundry Combo™, која доби оценка A за целиот циклус на перење[2], и машина за садови Bespoke со A-10% енергетска ефикасност. Потпирајќи се на долгогодишната посветеност на подобрување на енергетската ефикасност, Samsung ги подобри своите основни технологии за да одговори на потребите на потрошувачите за подобри начини за заштеда на енергија во секојдневниот живот.

„Samsung има долгогодишно искуство во донесување на своите енергетски ефикасни производи на европските пазари, а IFA е идеална платформа за прикажување на вакви решенија,“ изјави Мујунг Ли (Moohyung Lee), извршен потпретседател и раководител на тимот за корисничко искуство во секторот за дигитални апарати на Samsung Electronics. „Очекуваме дека новите модели ќе бидат вистинскиот избор за клиентите кои бараат поголема енергетска ефикасност во домот.“ 

Поефикасно искуство со перење

Најзабележителниот успех од линијата на Samsung со висока енергетска оценка на IFA 2024 е машината за перење BESPOKE AI™. Моделот кој е планираn за лансирање[3] следната година троши до 55% помалку енергија од минималните барања за енергетска ефикасност за класа А[4]. По моделот A-40% кој беше лансиран во првата половина од оваа година, новиот производ ги применува технологиите на Samsung за да постигне дополнителна заштеда на енергија.  

Samsung применува напредни технологии за да постигне до 55% помала потрошувачка на енергија во однос на минималните барања за енергетска ефикасност за класа А. Основата на овие напредни технологии е Bubble Shot, која влече сапунска вода преку циркулациска пумпа и ја прска врз алиштата во барабанот. Ова го прави перењето поефикасно, затоа што алиштата полесно се натопуваат и детергентот рамномерно продира во облеката. Се комбинира со Ecobubble™ и алгоритми за дополнителна енергетска ефикасност.

Имплементацијата на AI Home[5] е уште една забележителна промена. Овој 7-инчен широк LCD екран на уредот служи како интуитивен контролен центар за перење. Корисниците не само што можат брзо да го изберат циклусот на перење, туку и да добијат персонализирани препораки за перење кои одговараат на нивните навики и периодични потреби[6]. Ова овозможува ефективна корисничка контрола и грижа за алиштата.  

Сеопфатно решение за енергетски ефикасно перење

На саемот IFA, Samsung, исто така, ја прикажува Bespoke AI Laundry Combo™ која наскоро ќе биде достапна на европскиот пазар. Овој модел комбинира машина за перење и сушење во еден уред, ослободувајќи ги корисниците од потребата да ги префрлаат алиштата по перењето во машина за сушење. Ова комбо се издвојува по тоа што има значително подобрување во енергетската ефикасност, постигнувајќи оценка A за целиот циклус на перење и сушење[7] со A-20% за перење[8]. Ова е највисокото ниво во комбо линијата на Samsung во Европа.

Samsung напорно работи за да ја подобри ефикасноста на сушењето. Технологијата за сушење со топлинска пумпа ги суши алиштата брзо, нежно и ефикасно при ниски температури. Дополнително, специјално дизајнираната структура на каналот ја подобрува ефикасноста на внатрешната циркулација на воздухот, овозможувајќи ефикасно повторно користење и пренос на топлинската енергија. Во меѓувреме, имплементирана е технологијата Bubble Shot за да се постигне висока енергетска оценка само во циклусот на перење. Ова го прави перењето поефикасно со прскање на сапунска вода врз алиштата со помош на циркулациска пумпа. Како резултат на тоа, целосниот циклус на перење на комбото ги надминува минималните барања за енергетска ефикасност за класа А до 20%, при што циклусот на перење и сушење добива заслужена класа А.

За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.



[1]Врз основа на внатрешно тестирање на Samsung, применливите модели во серијата WW9000F се 55% поефикасни од потребното за да се постигне границата за енергетска ефикасност од класа А според Регулатива (ЕУ) бр. 2019/2014

[2]Врз основа на внатрешно тестирање. Целосниот оперативен циклус од перење до сушење на овој модел е оценет со енергетска ефикасност од класа А, како што е дефинирано според ЕУ Регулатива 2019/2014.

[3]Планирано за лансирање во првата половина на 2025 година.

[4]Врз основа на внатрешно тестирање на Samsung. Применливите модели во серијата WW9000F се 55% поефикасни од потребното за да се постигне границата за енергетска ефикасност од класа А според Регулатива (ЕУ) бр. 2019/2014.

[5]Ова не значи дека сите услуги достапни на AI Home се базирани на вештачка интелигенција или генерираат информации или резултати користејќи AI. AI Smart Dial, AI Wash & Dry кои се гласовно овозможени со Bixby и достапни преку AI Home користат алгоритми базирани на AI, кои периодично се ажурираат за подобрување на точноста. Алгоритмите базирани на AI можат да генерираат нецелосни или неточни информации

[6]Пораки со предлози за циклуси се прикажуваат на контролниот панел или на паметен телефон со апликацијата Smart Things

[7]Врз основа на внатрешно тестирање. Целосниот оперативен циклус од перење до сушење на овој модел е оценет со енергетска ефикасност од класа А, како што е дефинирано според ЕУ Регулатива 2019/2014.

[8]Врз основа на внатрешно тестирање на енергетската ефикасност на домашни машини за перење според Регулатива (ЕУ) 2019/2016. Овој модел на машина за перење од 18 кг доаѓа со 20% поголема енергетска ефикасност (38.9 EEI) во споредба со конвенционалната класата за енергетска ефикасност А (52 EEI).


ПР објава