Нови детали: Битката на Северина повторно да стане мајка
Хрватската поп-ѕвезда Северина Којиќ која на 27-ми јули повторно доаѓа во нашата земја со концерт на Билјанини Извори во Охрид, побарала експерти во Америка да и помогнат да забремени! Таа и нејзиниот сопруг Игор Којиќ со години се обидуваат да добијат бебе, па пејачката во 2016-та година беше подложена на ин витро оплодување.
Сепак, Севе имаше спонтан абортус и од тогаш не успева да забремени, но тоа не ја обесхрабрува во борбата повторно да стане мајка!
Со надеж дека ова конечно ќе се случи, таа и Игор побарале решение за ваквиот проблем во една од најпознатите клиники за плодност и вештачко оплодување, која се наоѓа во Лос Анџелес.
- Бидејќи се очајни што никако не можат да добијат бебе, Северина и Игор се обратија на приватната болница во САД, каде што најдоа спасение и многу познати личности од Холивуд. Тие до овие експерти дојдоа со помош на сестрата на Игор, Наташа Којиќ, која живее таму. Ги спакуваа куферите и отидоа кај неа за да одат во клиниката за понатамошни испитувања. Кога ќе се завршат сите анализи, ќе се знае дали ќе одат на некоја терапија или вештачко оплодување - открива добро информираниот извор.
Тој додава дека ова се смета за една од последните шанси за конечно да добијат заедничко потомство, но и дека не губат надеж.
„Тешко им е, сакаат со се да се обидат за да имаат бебе, но тие се оптимисти. Со оглед дека американската клиника има висок процент на лекување на неплодноста, тие се потпираат на тоа. За апсолутна среќа, им недостига само едно бебе, па се надеваат дека Севе ќе биде бремена до крајот на годината. И нивните семејства им се имаат голема поддршка во тоа, а семејството Којиќ не ги жали парите за испитувања и лекари, само да успее - вели соговорникот.
Популарната пејачка, досега, за да остане бремена се обратила до разни експерти за советување. Таа исто така имала пристап до алтернативна медицина, па затоа имала хомеопатија, но и тогаш не забременила. Покрај тоа, таа оди на редовна нутриционистичка контрола, кој ја советува за правилна исхрана.
„Лекарот и објаснува дека за зачнувањето е важна добрата состојба на телото, па таа добила листа на храна која позитивно влијае врз плодноста кај жените. Најчесто јаде риба, варен зеленчук и свежо овошје, а иИгор ѝ се придружува на оваа диета - вели изворот.