Нумерологија: Каков брак ќе имате според датата на свадбата
Се што мажот и жената ќе одлучат во врска со својот брак е важно, но една од највлијателните одлуки може да биде онаа која се однесува на самата дата на венчавката. Датата која идните сопружници ќе ја изберат може да го одреди текот на нивниот брачен живот. Така барем тврди нумерологијата.
Според нумеролозите, лесно може да се пресмета тој број: едноставно соберете ги месецот, денот и годината на вашата венчавка и сведете го тој збир на едноцифрен број. На пример, за венчавка на 8 април 2014 година (8+4+2014=2026=2+0+2+6=10=1+0=1).
Дата на венчавка број 1.
Со оваа дата владее Сонцето. Периодот на забавување бил незаборавен, а и самата средба била романтична. Изборорт на токму оваа дата за венчавка учажува на тоа дека сте многу вљубен и нежен пар, дека тежнеете кон потполно соединување со брачниот партнер.
Дата на на венчавка број 2.
Емоционалната зрелост ќе биде важен фактор за успехот на овој брак. Во секој случај немојте да се изненадите ако сите пуштат по некоја солза на вашата венчавка, затоа што сите ќе бидат многу разнежнети. Причината за склопување на овој брак со кој владее Месечината најверојатно е желбата за семејството и топлината на домот, или желбата да се најде сродна душа која сака деца или е подготвена да ги прифати децата од претходниот брак на партнерот и да се обиде да им пружи родителска љубов. Ако децата се единствената причина за склопување на овој брак, можеби е подобро да ја преиспитате својата одлука.
Дата на венчавка број 3.
Ако не се шегувате кога велите дека сакате да стапите во брак од интерес, тогаш венчалниот број 3 совршено ви одговара. Но, овој брак нуди изобилство на среќа и задоволство особено за оние кои стапиле во брак од љубов. Иако и за оние од интрес, ќе има доволно. Во оваа врска со која владее Јупитер веројатно ќе се изродат многу деца, а семејните собирања ќе преставуваат важен дел од вашиот живот.
Дата на венчавка број 4.
Свесни сте за сите обврски и одговорности кои ги носи бракот. Значењето на оваа дата е верност и трајност. Парот споен во брачна заедница на овој ден во состојба е да работи заедно, да ги оствари сите свои цели. Било да се работи за купување на куќа или започнување на семеен бизнис, се што ќе работите претходно внимателно ќе испланирате. Потребата за сигурност понекогаш е главна мотивација за опстанок на бракот.Да се продолжи семејното име, да се изгради иднина – се само некои од фразите кои се поврзуваат со опстанокот на оваа брачна заедница со која владее Сатурн.
Дата на венчавка број 5.
Ако сте ја избрале оваа дата за ден својата венчавка значи дека акцентот сте го ставиле на квалитетот во комуникацијата која сте ја имале со својот партнер, идниот сопруг. Оваа врска може да се бори против здодевноста. Врската ќе изобилува со патувања и промени на местата на живеење. Младите луѓе кои рано ќе се венчаат и ќе си помагаат еден на друг за време на студирањето, останувајќи активни и заинтересирани за светот околу себе, се вистински пример за овој брак со кој владее Меркур.
Дата на венчавка број 6.
Ако сте ја одбрале токму оваа дата на вашата венчавка, сте го добиле благословот на Венера за својата брачна заедница. Љубов, нежност, мир и среќа се обележјата на овој брак, иако тоа не значи дека оваа заедница има свој „ангел чувар“ туку дека самите партнери мораат да водат сметка што прават и да ја чуваат својата врска од разни искушенија. Овој брак е под влијание на Венера која овозможува помирување во секоја ситуација. Бидете идеалист, а вашата љубов нека биде природна, зошто тоа е силата на овој брак.
Дата на венчавка број 7.
Ако сте го одбрале овој ден за својата венчавка бидете подготвени за промена на плановите во последен момент. Иако бројот 7 укажува на изненадувања во секој поглед, може да укажува и на спас во последен момент. Од друга страна Уран владее со случајот, а бројот 7 може да означува и грешки и немудри одлуки. Ова може да биде венчален ден за кој се одлучуваат личности кои немаат исто потекло, иста вера или иста националност.
Дата на венчавка број 8.
Овие партнери се разбираат со поглед, па така уште на првата средба на двајцата веднаш им било јасно дека се како создадени еден за друг. Ќе бидат успешни во заедничката работа, но и во секој друг поглед ќе бидат сложни како пар. Ова исто така може да биде брак на двајца луѓе подготвени да се жртвуваат за кариерата на својот партнер, восхитувајќи се на храброста која ја покажува партнерот. Бурните кавги брзо ќе се решаваат, а страста ќе доминира во овој брак кој е под влијание на Марс.
Дата на венчавка број 9.
Ако за свој ден за венчавка сте ја одбрале оваа дата, можеби сакате повлечен и мирен брак. Под влијание на Нептун можно е едната страна да се одлучи за бегство од својот дом поради склучување на брак. Меѓу партнерите постои цврста духовна врска, било да се тие свесни за тоа или не. Бракот склопен на оваа дата е судбински, иако се чини дека сите биле против него и дека ниту другите околности не му оделе во полза.Можно е да се работи за брачна врска во која двајцата партнери имаат некоја пречка, од емоционална или физичка природа, која со помош на брачниот другар сакаат да ја надминат. Ако се потребни жртви, тие ќе бидат направени од љубов.