Од лезбејка до сведок за постоењето на Бог: „Бев духовно мртва, но Тој ме врати во живот“
Ова е
сведоштвото на една Италијанка за тоа како Христос може да ја излечи секоја
конфузија во животот ако само го замолиме и му дозволиме да влезе во нашите
животи.
Сабрина Буонадона има 33 години и доаѓа од јужна Италија. Таа долго време веруваше дека е е вљубеничка во истиот пол. Цели 15 години живеела во врски со други жени и имала напади на паника додека не слушнала „силен повик“ кој целосно и го променил животот. Сега својата вера ја шири на социјалните мрежи, особено со профилот на Инстаграм.
Се започнало во тинејџерските години
Се започнало во средно училиште кога запознала девојка со силен карактер која и се допаднала. Прво биле пријатели, а потоа партнери. Тие се приввлекувале една кон друга, иако знаеле дека тоа не е во ред. Сабрина цело време знаела дека ја привлекува само оваа девојка, но инаку и се допаѓале и момчињата. Таа не сакала да биде класифицирана како лезбејка.
По шест години врска со оваа девојка, таа запознала друга девојка со која била три години. Потоа почнала да се убедува себеси дека е лезбејка. Следеа уште неколку врски.
Таа го почувствувала „повикот“ да се омажи за маж
Но, уште од детството ќусвствувала дека сака да е во брак.
„Се сеќавам дека постојано гледав видеа од свадбите на моите роднини и секој пат бев среќна кога ја замислував сопствената свадба. Всушност, кога бев со жени, помислата дека не можам да се омажам за маж ме полудуваше, бидејќи таа желба не исчезна во мене. Ова е и причината зошто на крајот почнав да се сомневам дека сум лезбејка. И покрај се, во моето срце остана силна желба: да се омажам за маж и да имам семејство и деца“.
Нападите на паника започнале за време на нејзината прва врска
„Првиот пат кога добив напад на паника, завршив во болница бидејќи не можев да дишам. Оттогаш, со години имам напади на паника и анксиозност“. Таа стануваше збунета и ѝ беше се појасно дека не е лезбејка.
„Бев болена, еднаш плачев и се молев цел ден... Реков: „Те молам, Господи, помогни ми... Јас сум толку збунета, ми треба твојата помош.“ Тоа беше вистински крик за помош, упатен до Бог. За да се развесели отишла кај роднините со кои била многу блиска. Таа веднаш го замолила да и договорат разговор со свештеник во нејзино име.
„Го отворив срцето и му дозволив на Бог да влезе во мојот живот“
Сабрина признава дека не можела ништо сама да промени.
„Кога ќе доживеете ваква измама, не можете така лесно да се ослободите. Како што знаеме, Господ ни дал слободна волја и затоа нè остава со слободни раце... Но, кога ќе побарате од Господа помош, кога ќе му го отворите срцето, Тој веднаш ви доаѓа на помош. И јас сум доказ дека е вистина. Само што го отворив срцето и го пуштив да влезе. И целосно ми го промени животот“.
„Бев духовно мртва, но Тој ме врати во реалниот живот. Затоа што вистинскиот живот е само во Христа“.
Фото:screenshot