Одбивам лицемерие и лажни пријателства: Весна Бејби со емотивна празнична порака
Актерката Весна Бејби Петрушевска со емотивна порака им ги честиташе празниците на своите пријатели. Бејби порача дека не сака да биде дел од лицемерието и лажните пријателства.
„ Празнични денови, денови кога сите нешто сакаме да подариме. Забораваме дека е најважно да подариме љубов, грижа и насмевка. Кога само би научиле дека зборовите се нашето најголемо богатство, нештата веројатно би биле поинакви. Одбивам да бидам дел од луѓе кои немаат општествена одговорност, хумана мисија и грижа за оној другиот. Одбивам да замижам пред лицемерните и ништожните. Одбивам да бидам дел од лажните пријателства. Оваа година редно е да се насмееме со еден женски стенд ап, детска претстава , нова книга и она за што се борам неколку години, а тоа е да се случи детска серија конечно! Нашите деца тоа го заслужуваат! Среќни празници и бидете свои на овој свет и господари на сопственото време“, напиша Бејби.
Актерката неодамна ни потврди дека е во врска со Зоран Ацидовски.