Одмаздата се служи ладна: Анџелина Џоли во врска со 23-години постар колега и пријател на Бред Пит?
Чуден избор на американската актерка, но целта е
една - одмазда
Анџелина Џоли (45) наводно започнала романса со нејзиниот колега Мики Рурк (68), пренесува списанието „Нова идеја“.
Според гореспоменатиот таблоид, холивудската актерка е фатена како се бакнува со 23-години постариот актер.
Таа, наводно, сака да му се одмазди на својот поранешен сопруг, кој неодамна ја донесе својата сега веќе поранешна девојка моделот Никол Потуралски во замок во Франција, каде и го рече судбоносното „да“ на Анџелина, на годишнината од нивната венчавка.
"Со оглед на тоа што тој е постар од неа и дека многумина веруваат дека бил обезличен со пластична операција, тој не бил првиот избор на Анџелина. Но, бидејќи повеќето актери од нејзината генерација се во брак или се во врска, таа мораше да продолжи понатаму", рекол анонимен извор близок на актерката.м кој бил очевидец на бакнежот.
Тој додава дека Анџелина сакала да влезе во врска со цел да налее сол на раната на Бреда и дека не планирала ништо сериозно со Мики.
„Иако Мики Рурк не е нејзин тип на човек, таа смета дека ја најде вистинската личност во него, барем за плановите за одмазда со Бред“, рекол изворот и потсетил дека Бред и Мики се пријатели со години, а оваа вест сигурно ќе го погоди холивудскиот заводник.
Фото: Profimedia
Можеби ќе ве интересира:
Заврши 4-годишниот судскиот спор Џоли - Пит: Кој ќе има старателство над децата?