Заврши 4-годишниот судскиот спор Џоли - Пит: Кој ќе има старателство над децата?
Пред извесно време, бившата двојка ги закопа своите секири и се обиде да воспостави нормални односи за доброто на своите деца.
Анџелина Џоли и Бред Пит се борат многу години за старателство над децата, а крајот конечно е на повидок. Извор близок до правниот тим на Бред Пит, за странските медиуми изјави:
„Би било скоро невозможно судот во Калифорнија да го раздели таткото, кој толку видливо работеше на себе и во корист на тие деца, особено на близнаците“, објави магазинот „Новидеа“.
Имајќи го тоа предвид, правниот тим на добро познатиот актер е уверен и оптимистичен дека Пит (56) ќе добие заедничко старателство над близнаците Нокс и Вивиен Маркелин (12), а најверојатно и на неговата постара ќерка Шајло (14).
Адвокатите на славниот актер тврдат дека по агонијата што ја поминал во борбата со Анџелина, и за старателството над децата за кои се грижел, „Бред конечно ќе го почувствува вкусот на победата!“
Што се однесува до постарите, посвоени деца - Пакс (16) и Захара (15), правниот тим верува дека најверојатно ќе им се даде избор од судијата - да одлучат со кој родител сакаат да живеат и дека најверојатно ќе одлучат да живеат со мајка им.
Медокс (19), кој јавно беше на страната на неговата мајка за време и по разводот, законски се смета за возрасен и не е дел од спорот.
„Бред знае дека Медокс е изгубен, и дека ништо не може да стори во врска со тоа, но се надева дека ќе може да ги обнови односите со другите деца и да ги надомести четирите изгубени години“, додаде изворот.
Борбата за старателство беше тешка и „валкана“, а во еден момент адвокатите на Анџелина, Бред го претставија како „несоодветен татко“ и како некој што е склон кон пиење и пороци и некој на кој „не може да се смета“.
Пред извесно време, двојката ги закопа своите секири и се обиде да воспостави нормални односи за доброто на своите деца, па затоа побараа стручна помош - тој обид, за жал, беше неуспешен.
-Заштитете го срцето на вашите жени: Бред Пит по изгубената љубов на Анџелина Џоли
-Шајло го промени изгледот: Ќерката на Џоли и Бред Пит ја пушти косата и облече здолниште