Одмор од политика: Топли семејни фотографии на Шекеринска, Бектеши и Османи

Добивај вести на Viber

Со семејните фотографии покрај елка, особено со изборот на гардероба за него и за најблиските, премиерот Зоран Заев беше новогодишна топ-тема во медиумите. Сепак, тој не беше единствениот политичар што на социјалните мрежи сподели топла семејна фотографија, идеална за тековната празнична атмосфера. 

На ист чекор се одлучи и министерот за економија Кресник Бектеши. Ни посака здравје и многу успеси.

Семејството во очи на новогодишната ноќ го покажа и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи. Со сопругата Валбона, инаку дипломиран политиколог, имаат две деца, ќерка и син. Двојката се сврши по помалку од една година врска, пред шест години. „Среќна нова 2020!“, напиша кратко Османи на „Фејсбук.

Од Маврово каде што има семејна викендица, вчера на социјалните мрежи се огласи и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Среќна 2020 година! Секој ден да наликува на денешниот: здравје, љубов и среќа!“, напишаа таа под семејната фотографија.