ОЛИВЕР НА КАЛИОПИ И ПОДАРИ ЦВЕЌЕ И РЕЧЕ ДЕКА Е ВЉУБЕН ВО НЕА: ПОП-ДИВАТА СЕ ПРОСТИ ОД СВОЈОТ ПРИЈАТЕЛ
Калиопи Букле е една од пејачките кои соработуваа и се дружеа со легендарниот Оливер Драгојевиќ, кој почина утрово по една година борба со ракот. Калиопи беше гостинка на концертот на Драгојевиќ во Скопје, на 5 март во 2011 година кога Оливер пееше во ВИП Арената заедно со неговиот црногорски колега Владо Георгиев, кој го организираше агенцијата „Гуливер“.
Оливер со Владо Георгиев на концертот во Скопје во 2011 година
„Знаете дека јас сум секогаш вљубен. Во мојата жена, во песните, во морето, во моето бродче. Вечерва повтрно се вљубив, се вљубив во Калиопи“ , изјави Оливер низ насмевка тогаш за нашата поп-дива која го следеше концертот од првиот ред. На тој начин, сосема спонтано, Драгојевиќ ја повика Калиопи да запее со него. Тој ја следеше на пиано. По настапот, Оливер кој беше познат како голем џентлмен, на Калиопи и подари цвеќе.
Калиопи се прости од Оливер на својот инстаграм профил. Таа сподели стихови од нејзината омилена песна од него, „Траг у бескрају“. „Збогум пријателе мој“, напиша таа. (М.Џ.)