Ослободете се од нив: Според Фенг Шуи овие работи носат негативна енергија и болест во домот

Сè што е во вашата куќа содржи енергија, според експертите за фенг шуи

Според филозофијата што ја застапува Фенг Шуи, сите предмети во вашиот дом, имаат свое енергетско поле што може да биде и позитивно и негативно.
Според истата филозофија за подобрување на домот - некои од овие предмети се повеќе од несакани во вашата област на живеење, затоа што тие со себе носат лоша и негативна енергија и создаваат здравствени проблеми.
Еве неколку работи, според експертите, од кои треба веднаш да се ослободите ако сакате да го вратите балансот и позитивната енергија во вашиот дом.


Неисправни домашни уреди
Електричните уреди претставуваат моќ и сила во вашиот дом. Ако имате уреди што не биле користени долго време, тие се скршени или надвор од употреба - ослободете се од нив што е можно поскоро! Неправилното функционирање на домашните уреди и техниката што ја користите во вашето домаќинство според принципите на Фенг Шуи може да доведат до низа здравствени проблеми, деловни неуспеси и емотивни односи.

Суво цвеќе
Живите растенија се многу добри - тие носат позитивна енергија и го симболизираат растот и просперитетот. Сепак, ова правило не се однесува на аранжмани од сушено цвеќе или растенија кои овенале. Методот на Фенг Шиу тврди дека исушено цвеќе привлекува енергија и дека може да се чувствувате уморни, исцрпени и несакани. Сувите цвеќиња во домот поттикнуваат чувство на копнеж, носталгија и создаваат чувство на недостаток на сила. Се препорачува што е можно поскоро да се ослободите од исушеното и овенато цвеќе.

Храна
Храната според Фенг Шуи ја претставува вашата способност да давате и примате љубов. Доколку во фрижидерот имате храна на која и истекол рокот на употреба или се расипала може негативно да влијае на вашите односи во животот (со семејството, пријателите, партнерот, децата ..) Затоа, проверете го вашиот фрижидер и оставата и ослободете се од сè што веќе не е за јадење што е можно поскоро.

Лекови на кои им е поминат рокот
Според правилата на Фенг Шуи, сите фармаколошки и производи за нега, вклучително и лекови, креми, бањи, дезодоранси и слично, на кои им истекол рокот за употреба, мора веднаш да се исфрлат, бидејќи содржат токсични материи кои негативно влијаат на вашиот сон, чувство на ведрина и психичка рамнотежа.

ФEНГ ШУИ: Каде да ги ставите кинеските вазни за среќа во домот?