Оставам зад себе една тешка, претешка година: Лила го прослави отмено својот роденден

Добивај вести на Viber

Создава позитивна енергија каде и да се појави. Секогаш искрена, уникатна, своја и се облекува врвно. Со години е на телевизија и не намали со својата популарност. А важи и за една од најголемите македонски инфлуенсерки и ѕвезди.

Лила Филиповска вчера го послави својот 51 роденден. Отмено, како што ѝ доликува. Облечена во фантастична креација, но со силна порака и симболика. Еве што напиша на социјалните мрежи каде веќе подолго време се шпекулира за нејзината здравствена ситуација:

Вечерва облеков фустан во бела боја…вечерва го славам животот, љубовта и мојот роденден. Оставам зад себе една тешка, претешка година која ме научи да го славам секој ден како да е роденден , да го почитувам секој момент и да бирам пријатели кои за мене би го направиле она што и јас за нив ! Научив дека секој ден е борба и дека со добра мисла секој проблем е решлив. Овој ден е мој ден…овој ден е мојот роденден