Осум родителски лекции кои треба да ги научите од Кејт Мидлтон

Секој кој мисли дека кралскиот живот нема баш никаква врска со нашите „обични“ животи, тој уште не ја запознал Кејт Мидлтон. Со три деца успешно се справува со сите протоколарни и семејни обврски, вели доброупатен извор. Војвотката од Кембриџ во секој поглед го продолжила она што принцезата Дијана го започна - да се игнорира кралската традиција и да се грижи за децата без дадилки. Ова се нејзините правила кои ги применува заедно со сопругот, принцот Вилијам.

1. Децата ги одгледуваат сами

Иако имаат шанса и пари, Кејт и Вилијам многу ретко ги користат услугите на дадилки бидејќи инсистираат се што е поврзано со децата да го прават сами.

2. Максимално ја штитат нивната приватност

И покрај големиот интерес на јавноста кој владее за нивните деца, Кејт дозволува да се сликаат при служеби церемонии, а во сите други ситуации фотографи се забранети.

Затоа речиси сите нивни фотографии, дури и официјални портрети, не ги слика никој друг освен Кејт.

3. Кејт знае да го цени и времето без деца

Кога не е на службена должност, ниту со децата, времето го поминува со сопругот бидејќи знае колку тоа време е важно за брак. Без разлика на тоа дали се работи за вечера во ресторан или на спортски натпревар пред милион луѓе, тие двајца секогаш наоѓаат време за себе.

4. Уживаат во заедничко хоби

Кога и да имаат шанса Кејт и Вилијам ги водат децата таму каде што можат да уживаат онака како што сакаат тие како возрасни.

Затоа Џорџ прв пат застана на скии на две години, а кој знае, можеби Шарлота со мама наскоро ќе заигра хокеј.

5. Црвена линија

Додека обичните мајки се „борат“ со бабите и дедовци, Кејт се бори со повеќегодишната кралска традиција, но на сите им ставила јасно до знаење дека нејзините деца и обичен живот секогаш се на прво место. И покрај кралицата баба и покрај правилата. Затоа Вилијам сам ја возел од болница кога се породила, божиќните вечери на пример ги поминуваат кај нејзините, а не со кралицата.

6. Мајчински совети бара од својата мајка

Што и да ја мачи, Кејт секогаш ќе и се обрати прво на својата мама, Карол Мидлтон, која и ужива најголема доверба кај кралскиот пар. Барем во делот кој се однесува на типични човечки успони и падови од секојдневниот живот.

7. Со секое дете поминува доста време еден на еден

Иако принцот Луис е уште бебе и тој е во фокусот, Мидлтон поминува квалитетно време и со принцезата Шарлот и со принцот Џорџ.

8.Не се плаши да ги дисциплинира

Дури ни во јавност, а тоа веќе имавме прилика да го видиме, Кејт добро знае дека родителот не треба секогаш да биде добар и забавен, а децата од мали мора да знаат како да се однесуваат. Кај Кејт тука нема исклучоци.