Откриена тајната на „најжешката“ сцена во југословенската кинематографија: Ова никој не го знаеше за една од најдобрите српски актерки

Добивај вести на Viber

Една од најубавите жени на поранешна Југославија секако беше актерката Неда Арнериќ, а многумина се уште се сеќаваат на нејзината експлицитна сцена во продукцијата на „Хало, празник на ку*вите“.

Нејзиното убаво лице и грациозно тело натераа многу луѓе да се заљубат во неа. Ја видоа гола во впечатливи сцени на интимни врски на големото филмско платно. Сепак, малку е познато дека таа снимила секс снимки како девица, без никакво искуство или знаење како да води љубов.

Југословенската убавица сними една од најексплицитните сцени во историјата на југолсовенскатакинематографија во споменатата продукција на Лордан Зафрановиќ од 1988 година, а Неда ја доби и „Златната арена“ во Пула за улогата на Мајра.

Филмот го следи животот на една брачна двојка од Германија која доаѓа на одмор во Хрватска, на островот Хвар, каде Мајра, по потекло од Загреб и мажена за многу постар Манфред (Стево Жигон), се впушта во љубовна врска со синотна госпоѓата во чија куќа престојувале (Ранко Жидариќ).

Неда и Ранко ја снимија најексплицитната сцена во историјата на југословенската кинематографија.

-Од првата сцена на гол маж кој скока во морето до последната сцена, сè зрачи со еротика - напишаа новинарите во тоа време.

Неда Арнериќ подоцна во едно интервју за нејзините разголени улоги изјави:

- Немав поим за сексуалноста и играв нешто што досега не сум го доживеала. Многу рано научив дека снимањето филм е работа што треба сериозно да се работи во договор со режисерот. Во сценариото, на пример, пишуваше: се будат наутро и откако водат љубов, започнува приказната. А во тоа време не знаев ни да водам љубов. Тоа беше дел од мојот занает, а јас се сметам за добар занаетчија - објаснила актерката тогаш во текстот што тогашните уредници го дале насловот „Снимав секс сцени додека бев девица“, пренесува Курир.

Фото:screenshot