Актуелно // Insta вести
Ова беше пеколна година, ама јас сум тука: Новинарката Бисера Јордановска славеше роденден, па објави и емотивна фотка
Новинарката Бисера Јордановска наполни 43 години.
Бисера, ги дувна свеќичките на тортата, но веќе во следната објава таа сподели дека ова за неа била пеколна година.
„Ова беше пеколна година, но јас сум тука“ - напиша сопругата на поранешниот генерален секретар во владата Мухамед Зеќири кој на почетокот на месецот беше осуден на две години и шест месеци затворска казна за склучување два договори за консултантски услуги без да спроведе соодветна постапка за јавни набавки.
Зеќири во завршната расправа пред судот, кажа дека на неговата сопруга ѝ е дијагностицирана тешка болест.
Бисера и Мухамед се родители на едно девојче Далија .
ФОТО: Инстаграм официјален профил Бисера Јордановска