Ова навистина функционира: Жените „полудеа“ по трикот пудра во вода за посвеж изглед на кожата - и да, не остава траги на облеката

Кој воопшто би помислил да истури пудра во вода пред да се шминка? Можеби изгледа чудно, но се чини дека функционира.

Новиот make-up тренд го освои TikTok и не‘ тера да размислиме за начинот на кој ја нанесуваме пудрата. И тоа е многу едноставно - истурате малку од вашата пудра во чаша вода за да постигнете максимален сјај и издржливост. Така, доколку сакате совршен тен, одговорот можеби ве чека во мијалникот, а понатаму откриваме како всушност функционира овој тренд.

TikTok е опседнат

Овој козметичко-научен експеримент добива сè поголема популарност поради тврдењата дека вашата пудра на овој начин станува поотпорна, а и нема да се плашите од нејзини траги на јаката на вашата омилена бела кошула.

Популарната тиктокерка, Рејчел Риглер, не го криеше воодушевувањето кога го испроба овој трик. Имено, таа истури пудра во чаша и потоа ја стави пудрата на раката, дозволувајќи водата да истече. Пудрата која претходно беше во вода ја стави на лицето и ја изедначи со сунѓерче за шминкање. Таа го тестираше трендот со триење на лицето со хартиена крпа, го сврте кон камерата и покажа колку малку шминка паднала.


Кожата на тој начин има дефинитивно повеќе сјај, но иако делува, сепак е малку расипничко, бидејќи се користи многу повеќе пудра од вообичаеното.

Исто така, важно е да се нагласи дека овој трик функционира само ако користите пудра на база на вода, бидејќи оние на база на силикон не се мешаат со вода и само би направиле неред на лицето.

Истиот ефект се постигнува со хидратација

Иако изгледа интересно да се проба, Glamour.uk пишува дека истиот ефект може да се постигне со рутина за нега на лице која се фокусира на хидратација. Дури и поефикасно би било да користите серум или навлажнувач, па затоа е добра идеја да барате формули кои содржат хијалуронска киселина или глицерин.


Фото и Видео: ТикТок